Јапонската анимација во Центарот за култура – Битола! Центарот за култура – Битола има задоволство да ги покани сите љубители на филмската уметност на уникатно патување преку приказните на јапонската анимација. Подгответе се за две незаборавни филмски проекции кои ќе ги разбудат сите ваши сетила. Недела на јапонски филм во Центарот за култура – Битола
2 – ри декември, 19:30 ч. – „5 САНТИМЕТРИ ВО СЕКУНДА“ (5 Centimeters per Second)
Овој неверојатен јапонски филм, режиран од Макото Шинкаи, е апсолутен фаворит меѓу љубителите на жанрот. „5 сантиметри во секунда“ е емотивен филм кој ја истражува болката и нежноста на љубовта, приказна за двајца млади кои се разделуваат со времето и далечината. Филмот неуморно ги ткае нишките на човечките емоции и патувањето низ времето.
Јапонската анимација е многу повеќе од забава. Таа е доживување на уметноста во најчиста форма – спој на визуелната убавина, филозофските идеи и емотивните приказни кои траат долго по завршувањето на филмот.
Не пропуштајте ја оваа несекојдневна можност! Проекциите се во малата сала на Центарот за култура, а влезот е слободен. Ова е вашата шанса да потонете во светот на анимираната уметност и да откриете нешто ново и инспиративно.