Јануари  – Месецот што Инспирира – симбол на нов почеток и преиспитување на патот што го одбираме

januari mesecot shto inspirira

Јануари  – месецот што инспирира! Првиот месец од годината е месец кој носи со себе длабока симболика која инспирира – нуди нови можности. Од римските реформи до современите новогодишни одлуки, овој месец е симбол на нов почеток и преиспитување на патот што го одбираме.

Јануари – месецот што инспирира – Од Рим до Модерното Време

јануари месецот што инспирира

Дали знаете дека во Рим годината започнувала во март, а не во јануари? Реформата на календарот од страна на Јулије Цезар го поставила јануари како прв месец, поврзувајќи го со богот Јанус… Богот на почетоците и краевите. Името „јануари“ потекнува од латинскиот збор iauna (врата) – симбол на промената и преминот кон нови хоризонти.

Новогодишни одлуки – Традиција која живее

Римјаните, во чест на Јанус, се обврзувале на нови ветувања за подобар живот, а оваа практика денес ја познаваме како новогодишни одлуки. Овој обичај продолжува да биде важен дел од светската култура, поттикнивајќи не да размислуваме за тоа што сакаме да промениме во иднината.

Јануари – Најдолгиот и Најтешкиот месец?

Велат дека јануари може да изгледа како најдолгиот месец, особено по завршувањето на празниците. Статистиките покажуваат дека токму во првиот месец од годината се случуваат разводи и прекини. Но, можеби токму заради тоа, јануари е месец што инспирира!

Тоа е време кое не тера да се преиспитуваме – да погледнеме внатре во себе, да ги разберем своите избори и да оставиме простор за нови размисли. Јануари е како платно: секоја линија, секој потег, може да може да биде нова шанса за живот полн со боја и смисла.

Културни Обичаи: Јануари како Средба на Традиции

Од правослвниот Божиќ до подготовките за Кинеската Нова Година, јануари  е  месецот што инспирира. Овде се среќаваат различни култури. Во Кина, црвената боја е носител на среќата, а празнувањата се исполнети со танци на змејови и спектакуларни огномети.

januari mesecot shto inspirira

Јануарски распродажби: Глобален Празник на Купувањето

januari mesecot shto inspirira

Јануарските распродажби кои започнале во Британија во 1865 година, денес се глобален феномен кој привлекува милиони луѓе кои сакаат да година со стил и секако, попусти.

Сетете се – Јануари е Врата кон Нови Можности!

Тоа е период кога секоја мисла, секој сон и секоја одлука имаат подеднаква шанса да станат реалност. Нека овој јануари биде вашето време за промени и за создавање живот што навистина го посакувате.

извор