Битола продолжува да живее во име на уметноста. Имено, овој пат битолчани ќе имаат чест да присуствуваат на уште еден подвик, изложба посветена на џамиите Исхак Челеби и Хајдер Кади.
Изложбата ќе се одржи утре (во Петок, 14 јулу) во просториите на центар за култура и образование кое е под муфтиство Битола, а се наоѓа на улица “Караорман“ бр. 6.
Фото изложбата е насловена како ,,Исхак Челеби џамија и Хајдар Кади џамија – верско историски објекти во Битола“.
Имено, Агим истакна дека се работи за фото изложба на која ќе бидат изложени фотографии направени во две активни џамии во Битола. Преку истите, ќе бидат прикажани дел од верските активности кои се одвиваат таму, како и екстериерот и ентериоерот на џамиите.
Фотографиите се изведени во различни периоди од годината и ќе покажат извонредна автентичност преку фокусот на уникатниот пристап на Агим.
Изложбата е поддржана од министерство за култура на С. Македонија.