Сладоледот има богата историја
Првите записи низ истпријата за нешто што наликува на сладоледот, датираат пред околу 2000 години од Кина. Тогаш се конзумирале овие слатки задоволства составени од млеко, ориз и снежна смеса. Низ историјата, употребата на мразот и неговото чување во текот на летото, било доста практикувано во Кина и се користело за правење на освежителни пијалоци.
Првите обиди и замрзнати колачи
Низ вековите и историјата, сладоледот се проширил и во други делови од светот. Во Персија, денешен Иран , се користел мраз и овошен сок за да се направат освежителни замрзнати колачи. Во 13 век, италијанскиот патник Марко Поло го донел рецептот за сладолед од Кина во Европа. Популарноста на сладоледот се зголемила во текот на 15 и 17 век и не секој можел да си го овозможи. Тоа го можеле само елитните кругови .
Тајната на рецептот е во млекото, се разбира основата е мразот, овошје и слатки состојки. Кралицата Катарина Медичи придонела за популарноста на сладоледот во Италија и Франција. Таа, тоа време била кралица на Англија.
Вистинскиот пробив на сладоледот во однос на неговата припрема се случува во 1774 година од страна на шкотски слаткар кој ја патентирал првокласната метода за правење сладолед. Познатиот „кремно-мраз“ бил достапен и за широката популација што би значело слатко задоволство за секого.
Во 19 век, индустриската револуција овозможува масовно производство на сладолед . Клучниот момент во историјата на сладоледот е изумот-корнет (специјална чаша за сладолед), за да во 1904 тата година секој еден што ќе посака сладолед, може да го користи без употреба на лажичка. Во текот на 20от век, сладоледот е збогатен со нови ароми, вкусови и видови и индустријата на сладоледот станува „ голема работа.“
Всушност ако одиме многу чекори наназад, ќе го најдиме сладоледот и во корените на античката цивилизација , веројатно од големата потреба да се ужива во нешто освежувачко како што е сладоледот.