Вечерва (Среда, 15ти ноември), во 19ч, ќе се случи премиерата на театарската претставата КУКЛЕН ДОМ. Претставата е работена по текстови на Хенрик Ибзен, како и по авторски материјали на Билјана Крајчевска. „Куклен Дом“ е во продукција на Интимен Театар Битола, а режијата е на Софија Ристевска Петрушева.
Се разбира дека очекуваме експлозија од емоции. Посебно театарско искуство со докажаните актерски имиња. Валентин Дамчевски и Катерина Аневска Дранговска. Знаеме дека Софија со Интимен Театар уште еднаш подготвуваат театарска сензација што задолжително треба да ја погледнеме.
Имено проектот е поддржан од Министерството за култура, а ќе се изигра во просториите на Приватната Установа за социјална заштита на стари лица ДОМ СОФИЈА Битола.
На 16ти ноември, вторник, во 14 ч, исто така во просториите на Приватната Установа за социјална заштита на стари лица ДОМ СОФИЈА Битола, Интимен Театар ќе одржи финална презентација на резултатите од мноштвото работилници одржани со старите лица, во склоп на интердисциплинарниот проект ‘Современите перформативни уметности како алатка за подобрување на квалитетот на живот на старите лица”. И овај проект е исто така поддржан од Министерството за култура.