Започнува василичарската треска. Празнични трпези, декорации и возбудливи идеи. Освен задолжителниот мазник, на убавата василичарска трпеза се наоѓаат и вкусните колбаси. Секако и по некое вкусно мезе, сезонски салати и досатоци. На Василица домаќинките сакаат да изненадат со трпезата. Со нивната креативност која секако на крај ќе финишира во аплауз. Поаѓајќи од идејата дека храната се јаде најпрво со очите, важни се и декорациите, па сето тоа одеднаш станува љубов на прв залак.
Во продолжение погледнете неколку идеи како да декорирате василичарска трпеза од страна на мезалуци, салфети, даски. Уживајте во име на празничниот дух, инспирирајте се да создадете прекрасни спомени кои ќе зборуваат на единствен гурмански и хедонистички јазик.