Хуманоста е единствениот „дрес код“ во животот- Анџелина Џоли со моќниот историски говор назад во 2013

хумано анџелина џоли

Да се потсетиме на доброто, да го заборавиме злото и да сфатиме дека е возможно и е време да помагаме, да бидеме хумани, да го сфатиме основниот дрес од на нашиот живот!

Назад во 2013, Анџелина Џоли ја доби специјалната награда за хуманост „Џин Хершолт“ наречена по данскиот актер кој беше еден од најактивните филантропи во Холивуд. А ние денес, моќниот говор на актерката би го зеле како пример кој се надоврзува во контекстот.

„Никогаш не разбрав зошто некои луѓе се раѓаат со шансата што јас ја имав за да го чекорам овој пат во животот, а зошто некаде на другата страна на светот постои жена која има исти квалитети, исти желби, иста страст, иста работна етика и љубов кон нејзиното семејство…Жена која може да направи подобри филмови, и да одржи подобри говори…Само што таа се наоѓа заробена во бегалски камп и таа нема глас. Таа жена се грижи за тоа што ќе јадат нејзините деца, како да ги чува безбедни и дали нив некогаш ќе им биде дозволено да се вратат дома. Не знам зошто ова е мојот живот, а тоа е нејзиниот! Не разбирам, но ќе направам се да ѝ помогнам.“

https://youtube.com/shorts/gLNVhonuIRk?feature=share