За светската јавност, беше познато дека Чак Лори, продуцентот на серијата „Два и пол мажи“, беше во конфликт со Чарли Шин, актерот од познатиот ситком. Чарли се распаѓал, велеше во тоа време Лори, па затоа следел отказ за познатиот актер. Тоа беше сочна вест за новинарските апетити назад во 2011 година, па Шин своевремено беше на тапет од страна на јавноста како холивудска ѕвезда кој уживаше во хедонизам и пороци.
Но, денес изгледа дека работите се промениле, па сепак продуцентот и Чарли ги „закопаа секирите“ и тие повторно ќе соработуваат. Станува збор за нова серија со наслов „Како да се биде книжар“.
Чарли Шин ќе се врати на малите екрани во серијата со Себастијан Манискалко во главната улога, продуцирана од Warner Bros. Телевизија (WBTV), на која ќе работи и Чак Лор.
Но, тоа не е се. Очигледно е дека на Чарли Шин му недостигаат екраните и моментот кога самиот ќе се погледне на филмското платно, или му недостига работата или како и да е… Така актерот, освен во истоимената серија, ќе се појави и во драмата „Rumble On“, креирана од Даг Елин, која моментално бара сервис каде ќе се емитува.
Серијата „How to be a bookie“ следи ветеран обложувач кој се обидува да преживее кога спортското обложување стана легално, што носи многу промени во неговиот живот.
Покрај Шин и Манискалк, улогите ги толкуваат и Омар Џ. Дорси, Хорхе Гасија, Андреа Андерс, Ванеса Ферлито и Максим Свинтон.