Колку денес би чинела хотелската гозба на Кевин од „Сам дома 2“? Што мислите?

Денес, Колку би чинела хотелската гозба на Кевин од „Сам дома 2“? Што мислите и патем, сигурно се сеќавата на култната сцена од филмот „Сам дома 2“… Изгубен во Њујорк, младиот Кевин Мекалистер се однесува како вистински хотелиерски крал, нарачувајќи неверојатно луксузен оброк.

Неговата хотелска авантура завршува со сметка од 967,43 долари! Сума која тогаш изгледаше значителна, но денес, благодарение на инфлацијата, добива сосема нова димензија.

Што вклучуваше слаткото уживање на Кевин?

Кевин успеа да создаде богато празнично мени со: две чоколадни торти, шест кремасти пити, осум колачи од јагода, 36 чоколадно прелиени јагоди, шест порции мус со разни додатоци и уште многу други деликатеси.

Сметката за ова луксузно задоволство во 1992 година изнесуваше 728 долари за храна додека даноците и бакшишот ја подигнаа конечната сума на 967,43 долари. Но, како би изгледала таа сметка денес?

Денес, цената – над двапати повисока!

Со користење на калкулаторот за инфлација, пресметано е дека во 2024 година, истиот оброк би чинел околу 2 150 долари! Тоа е зголемување од неверојатни 75,9 % за нешто повеќе од три децении.

Замислете, додека уживаме во носталгијата на празничните филмови, сметките на Кевин остануваат симбол на детската мечта – но и пример за тоа  колку се менуваат времињата и цените!