…Имаше баги неспоразуми во Холивуд и баги не штимаше работата. Сепак во Холивуд се прекина штрајкот што ја „здрма“ филмската индустрија
Како и сегде, се разбира дека проблемот беше финансиски. Имено актерите од Холивуд, како и авторите, сценаристите ја имаа „здрмано“ филмската индустрија со штрајкови. Бараа повисоки плати за нивниот труд. Во ера на стриминг услуги, тие видно беа загрижени дека вештачката интелегенција ќе има ја „земи работата“.
Сепак Холивудските актери постигнаа договор
118-дневниот прекин на работата официјално ќе заврши по полноќ по локално време. Така објави синдикатот SAG-AFTRA откако неговиот комитет за договарање едногласно го поддржа договорот со Волт Дизни, Нетфликс и други компании.
Тригодишниот договор, вреден повеќе од 1 милијарда долари, вклучува зголемување на минималната плата и нови бонуси што треба да ги платат стриминг услугите, се вели во извештајот.
Договорот предвидува и заштита од неовластена употреба на фотографии генерирани од вештачка интелигенција, област која ги загрижи изведувачите затоа што стравуваат дека ќе бидат заменети со „дигитални газди“.
Крајот на штрајкот на актерите значи дека Холивуд може да продолжи со производство со полн капацитет за прв пат од мај, кога штрајкуваа филмските и телевизиските сценаристи, наведува британската агенција.
Пренесува n1.rs