„Мора да се видиме на кафе!“ Изгледа дека ова е најчестата реченица, заштитен знак на битолчани. Кафето во Битола! – Епицентарот на кафе-културата. Приказна за неповторливи вкусови кои ги задоволуваат дури и најпребирливите кафе љубовници.
Во Битола, кафето е уметност. Секое зрно има своја приказна… секој вид кафе носи различно искуство. И се меморира таа приказна. Се креира во секое ќоше, во секој сокак на градот. И да, тука се создава магијата.
Во контекстот, еве неколку инспиративни цитати кои совршено зборуваат за тој фамозен кафе-хедонизам на фамозното битолско кафе. Што е кафето во Битола?
„Кофеинот е другиот витамин Ц „Во Битола“ – Се будиш со кафе, завршуваш со кафе…Без кафе, денот едноставно не може да започне. И погодете што? Часот е кафе!
„Животот е краток – испијте уште една шолја кафе!“ – Уште една, во градот каде што времето поминато на кафе со пријателите е култ.
„Секогаш на состанок со кафе“
„Премногу утро, недоволно кафе“
„Ќе пијам кафе со секакви зрна“
„Животот може да биде тежок, но затоа постои кафе!“
„Доброто кафе е подобро од убавото вино“ – Шолја добро кафе во нашиот град, може да ги надмине дури и најфините вина.
„Моето расположение зависи од кафето што го пијам пред да разговараме“
„Немам време да дремнам, имам време за кафе“
„Дали кафето се вбројува во моите осум чаши вода дневно?
„Кога умот бара фокус, филџан кафе е секогаш најдобриот избор.“
„Мојот зодијак е зрно кафе“ – Битолчани го разбираат ова на длабоко ниво. За многумина, кафето е единствениот знак низ животот. Или можеби..го броиме и мериме животот со лажички кафе.
„Кофеин – ја одржува мојата сончева личност“ – Со филџан кафе, дури и најтмурните денови стануваат посветли. Во Битола, ова е мото за секој ден.
„Кафе, црно како ѓавол, жешко како пекол, чисто како анѓел, слатко како љубов“
Уште еден ден и многу филџани кафе. „А ние? Кога ќе прајме кафе?“
Фотографиите за насловна се на Агим Џело и да… него му должиме кафенце.
Извор за инспирација и цитати