Херојот кој спаси 20 деца – Јован Костадинов, гимназијата го пречека со голем аплауз и благодарност
Настанот во кој животот го загубија 59 лица, а речиси 200 се повредени, беше најголемата трагедија што некогаш Македонија ја памети. Но, за време на злокобниот час, се појави едно момче кое сега е јунак во нашата земја.
Херојски спасил 21 живот од огнената стихија, ризикувајќи го сопствениот живот.
Јован Костадинов само што излегол од опожарената дискотеката, без размислување ја натопоил маицата со вода, се покрил со неа и повторно се вратил назад. Јован спаси 21 живот. За среќа се опорави, неговата здравствена состојба после вдишувањето на чад е стабилна, а еве како беше пречекан од соучениците и образовниот кадар во Гимназијата Ванчо Прќе во Виница.