Грижата е Прекумерна! Престани да се Обидуваш да Контролираш Сè. / Секојдневните грижи можат да те втурнат во бескраен круг на стрес. Откриј како да престанеш да контролираш сè и да почнеш да создаваш моменти на спонтаност и радост. Животот не треба да биде совршен, туку жив!

Грижата за секој мал детал може да изгледа како добар начин да се осигураме дека сè е во ред, но тоа е само начин да се задржи контрола која всушност нè оптеретува. Време е да се ослободиме од потребата да го совладуваме секој момент и да дозволиме животот да се случи без постојани грижи за нешто што нема да го промениме.

Ослободете се и дозволете му на животот да ве изненади. Почнете да го живеете животот токму така – како што доаѓа. Престанете да се заморувате со дневните рутини кои се наметнуваат како стандарди. Престанете да го следите секој совет за тоа како да бидете совршени – „сега и овде“ фокусирајте се на тоа што ви носи вистинска радост.
Прекумерна грижа е негрижа: Мудро четиво од големиот Владета Јеротиќ

Ние сме сведоци на една нова култура на прекумерна грижа. Но, дали тоа ни носи вистинска среќа? Не! Токму спротивното. Време е да престанеме да се оптоваруваме со нешта кои не ни се важни. Животот не е совршен и не треба да биде. Направете пауза, пуштете го животот да се случи и почнете да го уживате, наместо да го контролирате.
Затоа, следниот пат кога ќе почувствувате потреба да се грижите за нешто што не е толку важно, запрашајте се: “Дали ова навистина ќе влијае на моето благосостојба?” Ако не, пуштете го да помине. Престанете да се обидувате да бидете се што не сте.
Запомнете: животот се случува кога престануваме да се грижиме за сè. Одвојте време за себе, обидете се да не бидете перфектни – и на крајот, ќе бидете многу посреќни.
пишува: Ромина Марковска
