Од Центарот за култура ни пристигна известување за нов настан. Станува збор за брилијантен проект, документарно-игран филм насловен како „Градина“ (Garden). Зад филмот, како режисер се потпишува Бојан Тантуровски, а истиот ќе биде прикажан во Центарот за култура Битола!
Продуценти се битолчанецот Илија Тирицовски и Пеце Талески
Директор на фотографија: Кирил Шентевски
Монтажа: Горан Вуќиќ
Дизајн на звук: Марко Наумовски
Во краткиот синопсис i objasnuvaweto за филмот кој не смеете да го пропуштите e запишано:
„Снимен во текот на изминатите 5 години на скопската периферија, филмот раскажува топла и потресна приказна за група пензионери – урбани герила градинари – кои се борат да ги задржат градините што сами ги создавале и негувале повеќе од 35 години. Овие зелени оази се повеќе од место за земјоделство – тие се симбол на отпор, пријателство, мир и преживување во сенка на урбаната џунгла. “
Проекции во мала сала:
10.04.2025. 19:30
11.04.2025. 19:30
12.04.2025. 20:30
Во продолжение, погледнете го трејлерот на документарно играниот филм ,,Градина”: