Гугл решил да врати свој вработен кој своевремено не бил задоволен од третманот на неговата работа. За работникот да се врати на позицијата, компанијата му платила 2,78 милијарди долари.
Имено името на човекот кој веројатно е единствениот кој Гугл го моли да се врати е Ноам Шазир. Има 48 години и важел за гениј. Најповеќе кога е во прашање вештачката интелигенција. Го напуштил гигантот, поради што се осмелил да сонува за да започне сопствен стартап.
Ноам Шазир бил меѓу првите вработени од Гугл кој бил инволвиран во развојот на вештачката интелигенција. Но, ја напуштил работната позиција поради фрустрација. А како што пренесуваат медиумите ја напуштил поради тоа што не го пуштаа чет-ботот кој го има развиено со колегата Даниел Де Фреитас.
Character.AI бил називот на стартапот кој Ноам Шазир го отворил заедно својот колега кој исто така веднаш ја напуштил работата после ова. Имено, Character.AI, кој брзо стана еден од најизвиканите стартапи во Силициумската долина а лани достигна пазарна проценка од една милијарда долари.
Неодамна Гугл соопшти дека Шазир, Де Фреитас и неколкумина други членови на Character.AI се согласиле повторно да работат за нив, во одделот Deep Mind. Од Гугл велат дека ако некој може да ја развие вештачката интелигенција на ниво на човек, тоа се тие личности. Па кој не би би постапил како Гугл. Ех…Уште да бевме на таа позиција.