Уапсена најбараната манекенка на денешницата поради поседување марихуана
Изгеда дека ни на холивудските ѕвезди не им се доволни парите. Нити во филмската индустрија, нити на музичката сцена, а богами нити манакенките не заработувале доволно за да ги задоволат своите апетите? Или тоа или можеби станува збор за ненаситност или се „полакомија“ што би рекле ние, па подготвени се за уште едно „бизнис патување“.
Имено, станува збор за познатата манекенка Џиџи Хадид. Џиџи е е казнета со 1.000 долари откако била фатена на Кајманските Острови поради поседување канабис.
Џиџи Хадид, 28-годишната манекенка која беше домаќин на натпреварувачкото шоу на Нетфликс, Next In Fashion, беше снимена на 10 јули со нејзината пријателка Леа Мекарти. Според Царината и граничната заштита на Кајманските Острови, пријателките биле фатени поради „увоз на марихуана и прибор за марихуана“.
Хадид и Мекарти пристигнаа со приватен авион од САД. Нивниот багаж бил претресен и пронајдена е помала количина канабис. – Известуваат странските медиуми за сочниот холивудски трач. – Тие се појавија на суд на Кајманските острови на 12 јули и ја признаа вината.
Хадид и Мекарти беа казнети со 1.000 кајмански долари и не беа регистрирани никакви пресуди, соопштија властите.
Претставник на моделот, рече дека Хадид „ужива“ на Кајманските острови и покрај тоа што го има ова непријатно искуство. Исто така, се тврди дека канабисот е легално купен во Њујорк „со медицинска дозвола“.
Медицинска? Па… Можеби е таа, но можеби токму таа медицинска канабис „опрема“ му е потребна на некој друг
…А на Хадид и недостигало уште нешто во џебот за да уплати за уште една масажа…Таму на тие острови… Таму…некаде далеку.