НАЈЛОШОТО СЦЕНАРИО ВО ГАЗА: Хуманитарни организации го демантираат Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху – „ИМА ГЛАД!“

И покрај тврдењата на израелскиот премиер Нетанјаху дека во Газа нема глад, бројни хуманитарни организации, податоци од ОН и медицински извештаи укажуваат на сериозна и системска неухранетост, особено кај деца. Како што пренесува Deutsche Welle, делови од ова место веќе го надминале прагот на глад.

ГЛАД ВО ГАЗА: Светот алармира, Нетанјаху негира

Извештаи од теренот опишуваат недостиг на основни прехранбени продукти, високи цени и случаи на смрт од глад. Израел ги негира бројките и ја обвинува Хамас, но независни студии потврдуваат спротивното. Во обид да се дискредитираат доказите, про-израелски гласови шират дезинформации преку социјалните мрежи.
Како што пренесува DW, ситуацијата во Газа претставува „најлошо можно сценарио“ според глобалната класификација за безбедност на храна. За повеќе, прочитајте тука.