Фото есенска инспирација – Октомври во поинаква димензија

октомври oktomvri

Октомври. Месец на романтичарите, книгохоличарите, на поезијата и романсите. Октомври е на оние кои уживаат во автентичниот мирис на жолтеникавите лисја. Месец кога кафето е поинакво, поелегично. Кога приказните добиваат друга димензија. Стануваат посебни, историски, магични.

Колку за инспирација, доколку брзото и динамично секојдневие ве „голтнало“ во таа машинерија од обврски, тука сме да ве разбудиме и да ве потсетиме на убавата есен. Во продолжение уживајте во фотографиите додека еден цитат од Вирџинија Вулф ви врие низ главата, како врела октомвриска топена чоколада.

Ќе се ослободам – ќе седам на тротоари и ќе пијам кафе – ќе сонувам… Ќе си го извадам умот од неговиот железен кафез и ќе го пуштам да плива – овој убав октомври“.