Организацијата на ,,Меѓународниот фестивал на филмска камера Браќа Манаки“ по повод 45тото издание и 50-годишнината на Кинотека влучува специјална проекција на филмот „Персона“ од 1966 година.
Ова е дело на шведскиот конематограф Свен Никвист и неговата соработка со режисерот Бергман.
Техниката на Никвист вклучува минимално осветлување, автентични локации и виртуозност во „кадри одблиску.“
Ретроспективата на фестивалот претставува седумнаесет филмски дела до крајот на мај . Вклучени се филмови фотографии од минати лауреати на „Браќа Манаки.“
Филмовите од ретроспективата вклучуваат дела од кинематографери како Роби Милер, Вим Вендерс, Роџер Дикинс и Беноа Деби. Посебни датуми и филмови кои ќе бидат прикажани во ретроспективата, ги вклучуваат „Париз, Тексас“, „Големиот Лебовски“ и „Влези во празнината“.