Филмот за Барби го полуди светот, а богами и GOOGLE – Еве што се случува таму

Рајан Гослинг Барби

Барби-манијата го зафати светот, а изгледа и Google е воодушевен или можеби тука се крие нешто друг? Дигитален маркетинг, органски пребарувања или нешто друго? Би си го поставиле прашањето колку пари има „вложено“ Барби за да се случува ова? Имено, како што велат, Google одлучи да ги изненади обожавателите на филмот Барби. Така, кога ќе го впишете името на Рајан Гослинг кој го игра Кен, во пребарувачот, целиот екран ќе ви стане розов и ќе ви се појават розови ѕвезди. Истото се случува кога ќе го внесете името на филмот во прелистувачот.

Инаку, изминативе денови низ светот се одржаа премиери на филмот Барби, во кој главните улоги ги имаат Маргот Роби и Рајан Гослинг.

Наскоро филмот ќе се прикажува во кината ширум светот, а јасно е дека многу луѓе едвај чекаат да го погледнат филмот.
Барби ја режираше Грета Гервиг. Улогите, покрај Маргот и Рајан, ги толкуваат и Грета Гервиг, Вил Фарел, Ема Меклај и Мајкл Сера.
Истиот ден кога Барби ќе почне да се прикажува, во кината доаѓа уште еден хит – Опенхајмер. Поради возбудата околу двата филма, кои излегуваат на ист датум, се роди интернет феноменот „Барбенхајмер“.