„Основната идеја на фанк беше да се создаде што е можно поинтензивен ритам.“ – се вели за фанк музиката.
А што се однесува до дизајнот во ентериерот, фанки мебелот е токму тој стремеж кон искажување емоции со поголема интензивност. Кога боите би знаеле да зборуваат, можат да раскажат приказни, да запеат, да напишат историја, но и да ве расположат окаректеризираат.
Еве неколку идеи, фотографии и видеа како да го разиграте вашиот винтиџ мебел во ритмот на,,фанки”.
Фанки, поп арт, како вие милувате. Важно е да ја разбиете монотонијата и да му дадете боја на ентериерот, домот… Затоа што од тука започнува креирањето на животот. Апсорбирајте со сите сетила, а можеби очите се оние први кои „размислуваат“ како ќе го обојат денот. Обојте го колоритен.
Сепак, би напоменале дека се зависи од вашиот специфичен стил и естетски пристап. Дали сакате минимализам или можеби нешто повеќе што не значи помалку. Но, ако вашата визија е да направите микс од двете, сепак сте на вистинското место.