Европа подготвена за новогодишната прослава

scenografija-na-magichni-prikazni-evropa-vo-novogodishen-ritam

Сценографија на магични приказни – Европа во Новогодишен Ритам! Европските улици се преполни со мириси на зимски зачини… На чоколади, а воздухот е преполн со шепоти на вечни традиции и свежи надежи. Старите улици се како скапоцени камења. Европа e подготвена за новогодишната прослава.

Сценографија на магични приказни – Европа во Новогодишен Ритам!

Виена со својот класичен шарм, повторно е сценографија на магични приказни за новогодишната прослава. Беспрекорните балови, каде што валцерите ја пренесуваат љубовта на една изгубена ера..

Во Стразбург, срцето на Божиќната магија, пазарите блескаат од радост и секој агол открива ново чудо.

Отука тргнуваме на патување низ старите мостови на Амстердам , каде водата ја одразува светлината на огнометите и создава сценографија каква што не се гледа секој ден.

Но, Европа не застанува тука. Берлин е полн со енергија и со иновацијата што го поздравува новото со светла и звуци кои ги надминуваат сите граници.

новогодишната

Новогодишните прослави го слават животот и секој момент што ни е даден… А секој град од Лондон до Рим носи уникатен амбиент на ново поглавје. Сценографија на празничниот период!

новогодишната

Секое ќоше на Европа, од величествениот Париз до ледениот Сент Мориц, носи своја нарација. Но, сите тие имаат еден заеднички елемент: магијата на прославата на животот соединета со љубовта кон традицијата и неверојатната способност да се изгради нешто ново.

Европа во овој зимски период, не е само континент. Таа е приказна која го слави поминатото време, но и визијата за другото утре…погледнете ги светлата, почувствувајте го мирисот на празниците – ако не е, исто, можеби е слично – како да сте таму!!!