3Д Кино Битола ви ја носи магијата на европското кино како дел од големото издание на European Cinema Night 2025! Оваа година, во своето осмо издание и во партнерство со програмата EULAC на Европската комисија, Европската кино вечер ја истакнува културната размена и длабоките врски меѓу Европа и регионот на Латинска Америка и Карибите. Истовремено со уште 88 кина ширум Европа, Битола ќе стане дел од заедничката прослава на филмската уметност што ги спојува континентите.



Посетителите ќе имаат можност да уживаат во внимателно селектирана програма која носи силни чувства, уметничка длабочина и културна инспирација.

ПРОГРАМА – 3 ДЕКЕМВРИ (3Д Кино Битола)
19:30 – Свечено отворање на Европската Кино Вечер
19:45 – Проекција на аргентинскиот Оскаровец „Тајната во нивните очи“
22:00 – Дискусија со:
• д-р Ангелина Станојоска – професор по криминологија, Правен факултет УКЛО
• Гоце Цветановски – филмски режисер
• Марјан Георгиевски – актер и режисер
22:30 – Настан во живо: Слем поезија со Валерија Дамчевска + латино музика со DJ Ile The Hair

Влезот е бесплатен – сите љубители на филмот и културата се добредојдени!
За филмот „Тајната во нивните очи“ (El secreto de sus ojos, 2009)

Овој аргентински трилер-драма, режиран од Хуан Хосе Кампанела, ја следи приказната за пензионираниот истражител Бенхамин Еспосито, кој по децении одлучува повторно да отвори нерешен случај што го прогонува цел живот. Филмот мајсторски ги спојува мистеријата, психолошката драма и суптилната романса, сместени во политички турбулентниот контекст на Аргентина.
Добитник на Оскар за најдобар странски филм, „Тајната во нивните очи“ е еден од најценетите филмови на современата латиноамериканска кинематографија. Публиката ширум светот го препознава по длабоката емотивна приказна, актерските изведби што оставаат силен впечаток и незаборавните сцени кои остануваат долго по крајот на филмот.
