Епизода 7 „Снашката дојде дома” – Марјан Георгиевски
Снашката иди, тензија во куќата. Жана шаштисана дава команда со каков кодекс на облека да се претстави фамилијата. На Раде му се падна да се облечи костумо од свадбата, бабата да клај шамија, а стариот…Ох..Тој веќе е облечен. Секако… Во фино лепо напиен и во оваа епизода 7 на Марјан Георгиевски.
Тензијата расти и сите се спремат да ја запознат Елеонора. конечно Сашо порасна. Сашо шо има над 30 години и сеуште има своја детска соба, стигна за женење. Раде седнат со алатите го поправа звучникот, оти можи ќе сакале младите да си пуштат музика, па да заиграт. Тензијата расти во лудата куќа на Марјан. Се чека Елеонора.
-Ја смрдевте куќата – вели Жана, отвори да се излуфтира малку… Нора шо ќе речи. Смрди на пуфлоња!
Каја пак, со фоловерсите, не оти сака да ја избегни ситуацијата, туку таа изглеа не ни знај за Нора. Дотерана „на пулејка“ заминва оти таксито ја чекало. Му се повраќало од старите оти му ги истанчија веќе нервите. да се облечела, јајниците ќе му настинеле, допрва требало да раѓа….И така си цепи тој „воспитно-образовниот“ процес, систем воведен од страна на испаничената Жана, се дури не заврши во едно стандардно, македонско, балканско, зовриено: „Мршшш ѓубре!“
….И етете ти ја Елеонора… Сите дуздисани ја чекат на софра, ама таа… Погледнете го видеото подолу и откријте што сѐ се изнасучи во лудата куќа на Марјан Георгиевски.
Епизода 7 „Снашката дојде дома” Серијал ” Луда куќа” –Марјан Георгиевски
Пишува Елена Трпковска Наумовски, а видеото секако дека е на маестралниот Марјан Георгиевски.