Ентериер Есен/Зима 2024 – Тренд на удобност и топлина

Ентериер Есен/Зима 2024 е т.н. „буцко дезен“! Кога температурите се спуштаат, ентериерот е буцко дезен! Копнееме за нешто меко и топло како плишано мече. Оваа есен/зима, ентериерот е мек, заоблен и пријатен. Боите, дополнително внесуваат чувство на сигурност. Доминираат нијанси на кафеава како бојата на меко и слатко мече кои создаваат амбиент во кој се чувствувате удобно.

ентериерот е буцко дезен

„Ентериерот е масивен мебел со богати… Земјени тонови како темнокафеава, топла килибарна или нежна песоклива, ги дополнуваат заоблените форми и го враќаат она исто чувство од детството, кога  го гушкавме нашиот – буцко. Нашето пишано мече.  Дебелите теписи во боја на крем, банана и светло – кафеава, додаваат мекост под нозете. Големите фотелји и троседи во топли тонови на карамела или чоколадо, ја прават просторијата  вистинско место за релаксација и внатрешен мир.

ентериерот е буцко дезен

Без разлика дали станува збор за дизајни инспирирани од природата или за меки текстури  што потсетуваат на плетено ќебе од најмеката вуница, целта е да создадете простор кој нуди и луксуз и удобност, совршено балансирајќи го модерното со топлината на домот. Оваа есен /зима 2024, ентериерот е идеален за сите оние што сакаат мек, привлечен и топол дом, додека се менуваат годишните времиња. А, кој не би сакал токму ваков ентериер во својот дом?