Во последно време сите трендови алудираат на минимализам, на естетика, на монохроматски изглед или на тоа едноставно кое е новото повеќе и многу.
Но, зошто слепо да ги следиме трендовите кога можеме да внесеме душа во ентериерот. Зборуваме за онаа која ја носите вие. За вашиот дух, за вашиот темперамент, за вашата дива природа. Доколку се пронајдете во овој дел, синхронизирајте го просоторот со она што го чувствувате внатре. Балaнсот е оној кој постигнува индивидуален шарм и креира нова димензија што би асоцирала на вас.
Максимализмот е совршена идеја која секогаш се враќа како тренд. Најголемиот интернет пребарувач, кога станува збор за креативни решенија во поглед на уметноста, дизајнот, ентериерот, стилот, нуди различни решенија во тој поглед и ги експонира најпрестижните списанија кои алудираат на многу боја, различни материјали и многу детали.