Електричен автомобил што може да плови? Да и тоа од Кина! -ВИДЕО

електричен автомобил

Електричен автомобил што може да плови? Да и тоа од Кина! Кога станува збор за иновации, Кина повторно постави нови стандарди, овојпат во светот на електричните автомобили. Кинескиот производител BYD (BID) го докажа тоа. Ја претстави моќта на својот хибриден теренец Yangwang U8 кој не само што вози, може и да плови!

Насобраната публика во Европа стана сведок на неверојатен спектакл: U8 лесно влезе во вода и уште поголемо изненадување беше тоа што овој модел на електричен автомобил се заврти за 360 степени како вистински „наутички акробат“. Но, зад оваа демонстрација се крие и нешто многу поважно.

Замислете ситуација кога, поради несреќа или поплави, електричниот автомобил  завршува во вода. Токму за вакви итни ситуации, BYD го разви U8 – способен да „плови“ и да се движи со брзина до три километри на час. Неговиот водоотпорен IP68 дизајн овозможува возилото да се одржи на површината до 30 минути, да овозможи безбедно извлекување на патниците и да се врати во сервис за понатамошен преглед.

Сепак, треба да се напомене дека ова не е замена за традиционалното возење и дека „режимот на пловење“ е замислен исклучиво за итни случаи. Но, фактот останува – Кина го донесе првиот електричен автомобил кој буквално може да ве извлече од поплава.

извор