Еколошки погреб – промовиран од италијански дизајнери кои создадоа иновативна „јајце капсула“. Раул Брецел и Ана Чители создадоа Capsula Mundi како уникатен начин на погребување. Истиот, ги комбинира љубовта кон природата и потребата за одржливост, претворајќи го крајот на еден живот во почеток на нов. Барем така велат.
Како функционира концептот – еколошки погреб?
Capsula Mundi е биоразградлива капсула во која се сместуваат човечките остатоци. Потоа, капсулата се закопува во земјата, а над неа се засадува дрво. Овој тип на еколошки погреб овозможува остатоците да го хранат дрвото што расте над нив со што се создава жив симбол на обновување.
Дури има и придобивки
Со избирање на „јајце капсула“ се намалува загадувањето и отпадот од традиционалните методи. Директно придонесувате за засадување дрвја и враќање на балансот во природата. Наместо надгробни плочи, овие „живи споменици“ создаваат шуми што траат со генерации.