Хургада Египет – Историска таписерија на волшебност, посебно искуство и безвременски шарм!

Египет е земја која го привлекува вниманието на патниците со свој уникатен потпис. Спојува древна историја и современ живот. Од мирис на зачини кои се распрснуваат низ традиционалните пазари и волшебство од бои и ткаенини, до атрактивните и безвременски пирамиди и древни храмови, Египет нуди бесконечни авантури, историска авангарда, френетична енергија во микс од современи ритми, емоција и истражување.

Вдишете историја на античките египќани… Во мистичната земја потопена од митови, легенди, чуда. Шетајте помеѓу најпознатите пирамиди на светот дури чекорите се слеваат со песокта под вас. Погледнете ја Големата Пирамида на Хеопс и споделете ја магијата на Сфинксот од која неминовно ќе ви се одземе здивот. Оваа импозантна статуа, имено е симбол на кралската моќ и божество. Се верува дека го штити копплексот на пирамидите. Со глава на човек и тело на лав, Сфинксот стои гордо и го чува историското наследство на една од најголемите цивилизации на светот. Нурнете длабоко во порите на митовите и легендите и вкусете го маркантниот египетски шмек.

Искористете ја можноста да пловите по Нил, најдолгата река во светот и уживајте во спекталуларните погледи на египетскиот пејсаж.

Hurghada е позната по своите кристално чисти води и песочни плажи. Лежете под сонцето, уживајте во водниот спорт или пак… Релаксирајте се во спа центрите со поглед кон бескрајниот хоризонт на водата. Поместете граници и искусете поинаков свет. Во Египет. Во местото каде човечкиот дух го наоѓа својот највистински израз.

Вкусете ги египетските специјалитети на локалните пазари и ресторани. Локалните зачини и традиционалната кујна ќе ве одведат на вистинска гастрономска авантура. И хедонистичката приказна не завршува овде. Финиширајте со пикантерија, ароматична емоција и експлозија од состојки, па наздравете со чаша вино на зајдисонце.

Запознајте ја египетската култура и историја преку музеите и историските локации каде што секоја фасада одново е подготвена да ја раскаже својата приказна секогаш со аура на топло добредојде. Не ја пропуштајте оваа прекрасна прилика и бидете дел од спектакуларната воздишка на Египет.

Хургада Египет