Едусфера – Пример за образовна институција: Учениците со ново видео: „Да создадеме нова, Берлинска азбука!“

Едусфера

Во поглед на изучувањето на германски и англиски и јазик, Едусфера е пример за образовна институција.

Професионалниот кадар и посветените работници навистина комплетно се вложуваат во едукација и надоградување на знаењето на учемниците, а од неодамна во Едусфера, снимаат и кратки едукативни видеа кои „Разбуди се“ со задоволство ги промовира. Еве што ни раскажаа од таму:

„Ја знаете ли германската азбука? Ако не ја знаете одлична можност да ја научите, а ако ја знаете да си ја повторите.

Најмладите од Едукативниот центар Едусфера одлично ја знаат, а средношколците одамна ја научија! Но имаа одлична идеја: Да создадеме нова, Берлинска азбука!

И за краток временски период, силно мотивирани, креативни и исполнителни истата ја создадоа!

Ви посакуваме да уживате гледајќи – исто како што ние уживавме создавајќи ја!“

Погледнете го видеото, а подолу во редовите, прочитајте за што зборуваат. Научете нешто и поддржете го младиот креативен потенцијал.

Берлин – разнолика, шарена метропола. Град кој поставува трендови и во кој секогаш има нешто ново за откривање и доживување!

А – Architektur – Архитектура – Спомениците и градбите во Берлин се вистински сведоци на историјата.

Едусфера

B – Brücke – Мост – Берлин има повеќе мостови од Венеција – и тоа околу 1700!

C – Currywurst – Колбас во кари сос – Жителите на Берлин го обожаваат! Омилено традиционално јадење, околу 70 милиони парчиња се јадат годишно!

D – Dönner – Донер –  Според легендата донерот не е турско, туку германско откритие – 60 тони месо  се јадат во еден ден во метрополата!

Е – Еast – Side GalleryГалеријата на источната страна од ѕидот е најдолгата галерија под отворено небо и истата прикажува слики од уметници од целиот свет.

Едусфера

F – Fernsehturm – Со височина од 400 метри оваа кула е највисоката градба во градот.

G – Grafitti – Насекаде во Берлин се забележуваат графити – Но, не се сите убави, ни легални!

H – Hertha BSC – Херта БСЦ – Историско фудбалско здужение од Берлин познато по своите страствени навивачи!

I – Ich bin ein Berliner –Јас сум жител на Берлин! –  50 години поминаа, а како да беше вчера кога Џон Кенеди ги кажа овие зборови!

J – Jazz – Берлинската Џез Сцена – присутна и популарна!

K – Kulturen – Култури – Берлин е шарена мултикултурна метропола. Луѓе од 170 различни националности живеат таму.

L – Lieblingstier – Омилено животно – Омилено животно на германците е кучето. Твојот крзнен пријател можеш да си го носиш (скоро) насекаде! Во Берлин живеат 200 000 кучиња!

M – Mauer – Берлинскиот ѕид – Бариера која долги години го делеше градот на Источен и Западен Берлин.

N – Nicht bezahlt –  Не  е платено! – Секој трет жител на Берлин се вози „на црно“. Што значи тоа? Да се користи јавниот превоз, без да се плати билет!

O – Oberbaumbrücke – Прекрасна, впечатлива знаменитост во Берлин – Мост кој ја премостува реката Spree.

P – Park – Парк – Берлин е зелена оаза! Повеќе од 40 % од градот се состои од шуми, паркови и зеленило!

Q – Quadratmeter – Квадратни метри – Берлин е најголем град по територија!

R – Reichstagsgebäude – Импозантна знаменитост – Автентичната зграда каде работи парламентот!

S – Späti – Во Берлин „киоскот“ или „бутката“ ги викаат „шпети“. Секој жител на Берлин ги посетува со задоволство!

T – Theater – Берлин е културен центар на Германија, во Берлин има повеќе од 150 театри!

U – Umzug – Преселба – Во Берлин околу 18 луѓе на час го менуваат својот дом и започнуваат мал нов почеток!

V – Victoriapark – Прекрасен парк во областа Кројцберг со водопад и прекрасен поглед на целиот град!

W – Wiedervereinigung – Обединување – Со падот на Берлинскиот Ѕид во ноември 1989 се обединија повторно Источен и Западен Берлин! Секоја година на 3.10 се слави повторното обединување на Германија!

X – XXL Scnitzel – Огромната шницла спаѓа во омилени оброци на жителите на главниот град!

Y – Yorckstraße – Шопинг, кафе и прошетка на една улица!

Z – Zoo – Зоолошка градина – Берлинската зоолошка градина е најпосетуваната зоолошка во Европа и тука може да се видат околу  20 000 видови животни. Оваа зоолошка нуди забава за млади и стари посетители, а нуди и интеракции со животните!