Веруваат дека се реинкарнирани вонземјани и дошле на Земјата да го унапредат човештвото

Долина на Зората е т.н. место кое се наоѓа зад прашливите патеки на периферијата на Бразилија. Тоа е местото каде што вонземјанските приказни и мистичните ритуали создаваат култ што ги фасцира посетителите од целиот свет. Овде, мештаните веруваат дека се вонземјани кои дошле да го спасат човештвото, што реално и не е толку лоша идеја.

Долина на зората е необично духовно светилиште основано од Тија Нејва  која некогаш била возач на камион. Во 1957 година почнала да доживува визии од „духот“ на вонземјански поглавица – татко Бела Стрела. Според нејзините тврдења, добила мисија да го спаси човештвото од духовен пад и да изгради комплекс што потсетува на футуристички град со храмови во форма на вселенски бродови.

dolina na zorata ovde egzistiraat  vonzemjani jaguari

Кои се „јагуарите“?

Јагуарите веруваат дека се реинкарнирани души на вонземјани од планетата Капела, кои наводно дошле на Земјата пред 32 000 години за да го унапредат човештвото. Денес, со над 800 000 следбеници и 600 храмови низ светот, тие користат „космички енергии“ за исцелување и неутрализирање на негативната енергија.

Ритуали и симболи

Ритуалите во Долина на зората  се спектакуларни. Секој 1 мај се одржува „Денот на идоктринацијата“ со молчаливи маршеви и шарени носии, додека три пати дневно се организира церемонијата на „Ѕвездата која паѓа“, резервирана само за жените како симболична казна за машкиот род кој направил грешки низ историјата.

Храм на универзална љубов

Она што најмногу привлекува е отвореноста на оваа заедница. Без оглед на верата или припадноста, „јагуарите“ ги нудат своите услуги бесплатно, фокусирајќи се на физичките, духовните и емоционалните потреби нa луѓето.

Меѓу мистиката и и науката

Долина на Зората останува интригантен феномен – микс од научна фантастика , хуманост и потребата за духовно поврзување. Дали е тоа култ, религија или пат кон спасение? Одговорот зависи од перспективата, но едно е сигурно: магијата на ова место продолжува да инспирира илјадници.