Документарец за Еден Македонски Гениј: Горан Стефановски /Документарецот за животот и делото на Горан Стефановски нуди емотивно патување низ неговото наследство, пренесувајќи спомени од блиските и љубителите на неговото дело. На настанот во Битола, во Книжевниот клуб “Утопија”, беше прославена неговата значајна улога во македонскиот и светскиот театар.

Документарец за Горан Стефановски – големото име од Битола кое не беше само драматург туку глас на една цела генерација. Неговите дела ги пренесоа длабоките реалности на македонската и балканската историја, општеството и културата, создавајќи драмски композиции кои и денес продолжуваат да живеат на сцената. Стефановски беше еден од авторите кои умееја да ги спојат личните и колективните трагедии и радости, креирајќи дела кои ги допираат најдлабоките струни на човечката душа.



На оваа посебна вечер, присутните ги проследија моментите од животот и работата на Стефановски преку документарниот филм ,,Траги”, кој ни го пренесе не само професионалниот, туку и личниот пат на еден од најголемите автори. Зборовите на синот на Горан, Игор Стефановски, дадоа нова димензија на овој настан. Неговата емотивна и лична перспектива ја открива интимната страна на големиот драматург и неговото влијание врз семејството..

Горан Стефановски не беше само автор – тој беше и носител на визија, кој ја обликуваше македонската културна сцена. Делата, како “Црна дупка” или “Диво Месо”, се дел од темелите на македонскиот театар и литература. Без сомнение зборовите, мислењата, перспективите и приказните на Стефановски, продолжуваат да се во фокус на сите што се занимаваат со театар и литература.


Битола, продолжува да ја чува и промовира културата и наследството на овој брилијантен ум кој ја започнал својата животна приказна токму тука. Имено, книжевниот клуб “Утопија” беше место каде се сретнаа љубителите на неговото дело, за да ја почувствуваат магијата уште еднаш.
Горан Стефановски ќе остане незаборавен како автор кој ја размислуваше својата времињска реалност и кој ја претстави на начин што инспирира и воздигнува. Секоја негова драма, секој негов збор ќе продолжи да биде инспирација за идните генерации кои ќе се потрудат да го разбијат стереотипот на македонската култура и да ја донесат токму оваа длабочина и мудрост на глобално ниво.
Би поентирале со еден цитат од авторот кој останува евергрин…
- – Иднината никако да дојде, минатото никако да си отиде, а ние овде глумиме сегашност. („Тетовирани души“)
содржината ја креираше Ромина Марковска
Извор на дел од фотографиите – апла.мк