Необична гимнастика за мозокот 

Доктор Калум Певер нуди необична гимнастика за мозокот. Доктор Калум Певер е хироптактичар и разработил серија забавни вежби кои ќе ја засилат работата на мозокот. Иновативните вежби се засноваат на фокусирање на едноставни движења со прстите.

Овие вежби, сфатете ги како гимнастика на умот. Тие се изведуваат до 20ет пати на ден. Насочени се кон подобрување на мозочната активност преку комбинирање на движењето и размислувањето. Иако се едноставни на прв поглед, активностите бараат координација.

Подобрувањето на нивната ефикасност бара посветено време. Со учење и вежбање сѐ се постигнува! Една од интересните вежби што топло ги препорачува доктор Калум Певер  е промената на рацете при пишување. Тоа би значело ако веќе пишувате со десната рака, треба да се обидете да пишувате со левата и обратно.

Експертите најавуваат дека ова необично пишување може да има позитивен ефект врз развојот на мозокот.Вежбањето со прсти ги подобрува фините моторни вештини и координацијата помеѓу раката и мозокот. Ова може да биде корисно за подобрување на способностите за решавање на проблеми , креативност и вештини за решавање на задачи. Секоја чест за доктор Калум Певер.

Но, сериозно, не се обидувајте да  ги применувате овие вежби во кафетерија! Во најдобар случај ќе изгледате како да се обидувате да решите Рубикова коцка со прстите, а во најлош случај-можеби ќе ви извршат алко-тест!

Во продолжение, погледнете го видеото.