Што се случува со животот, со светот со мигот, со денешниот свет? Го гледаме ли? Го доживуваме ли моментот или готово… Заборавивме да живееме. „Дишеме“ ли само преку екранот? Текстот е посветен на спектакуларниот дочек на новата година во Париз. Стануваше збор за сензационален настан кој очигледно секој го пропушти.
Имено, милион посетители, всушност не присуствуваа на настанот иако физички беа таму. Сите со мобилните телефони во рака, снимаа видео, па очигледно наместо да уживаат во она што се случува пред нивните очи, тие гледаа во екранот. Едно од видеата предизвика лавина од коментари и критики кон фактот дека живееме во брутално општество и повеќе е од сигурно дека ја пропуштаме секоја секунда, секој магичен момент, секоја секунда.Замислете да си во Париз и да го пропуштиш најспектакуларниот дочек на новата година?
Not a single person living in the moment… pic.twitter.com/KwCQ7zqLPX
— NO CONTEXT HUMANS (@HumansNoContext) January 1, 2024
Креираме спомени или си мислиме дека креираме?
„Ниту една личност не живее во моментот“, напишал еден корисник на X Page над видеото, а критиките за денешната перцепција на нештата продолжија:
„Зошто да снимате нешто што стотици други го снимаат? Некој друг има подобра снимка од тебе. И можете да го најдете на YouTube или на социјалните мрежи. Едноставно нема смисла, спуштете го телефонот и уживајте во моментот“.
Во продолжение погледнете за што зборуваме, а дали после ова ќе сфатите нешто и ќе го оставите андроидот во џебот и ќе уживате на приказната која се случува пред вас, оставаме на вас. Но, тешко дека некогаш ќе разбереме.