Маестро Игор Џамбазов повторно со нова песна што соопштува јасна порака. „Дебела сенка“ е насловот на песната која премиерно беше промовирана на радио Бубамара.
Имено, зад текстот и музиката се потпишува лично Џамбазов, додека аранжманот е на Игор Атанасоски Харе, кој свири и гитара и се јавува како придружен вокал покрај Тања Тас.
Игор повторно со брутален настап како последица на констанцата во хаосот, жестоката манипулација, екстремниот молк зад чиј бетон се криеме. Со искрен текст што тет-а-тет говори со нас за ,,случувањата” во земјава. Револтиран од жестоки немили настани и деструктивноста над конструктувноста, во целиот текст Џамбазов ,,не” кити со ,,епитети”, фалшива, феик комплименти кои богами и ги заслужуваме.
,,Ние сме лошо екипирани / вечно исфрустрирани, Однапред матирани / со желби исфрустрирани! “
Се разбира и тој е дел од ,,екипажот”, па како уметник може да зборува на сиот глас со завидна енергија препознатлива за Игор. Но, дали ќе слушнеме или ќе продолжиме да брилираме во една иста агонија?!
Мишел Трајковски свири на хармоника, а тапани Мите Димовски кој исто така се погрижи и за програмирање и продокуција на видеото кое го изработи Ник. Фотографиите се на Стефан Рајхл.
Песната е снимена во Студиото на Мите Димовски, Тра-ла-ла во Скопје.
А апсурдот? Апсурдот е што ние се ,,пржиме ” и под сенка и го издржуваме притисокот колку и да можиме да избегаме од него. За крај секогаш да завршува со иста порака: ,,Македонијо! Прибери се!”
Ние би рекле… РАЗБУДИ СЕ!