Дизниевите цртани се инспирирани од реални ликови

дизниевите цртани

Дизниевите цртани  се инспирирани од реални ликови. Незаборавните ликови во Дизниевите цртани се инспирирани од музите кои Дизни ги запознал.

Најнезаборавните ликови остануваат најстарите и најубавите принцези од Дизниевите цртани, кои први ги запознавме. Од првиот цртан филм на Дизни во 1923 година, „Снежана и седумте џуџиња“, технологијата еволуирала до степен да создава реалистични тродимензионални слики на луѓе, животни и секојдневни сцени.

Многу од овие ликови се нацртани според вистински личности. Тоа се прекрасни девојки кои Волт Дизни ги запознал во својот живот. Тоа се музите кои го инспирирале да ги оживее ликовите од бајките и приказните. Освен принцезите, инспирацијата за негативците исто така доаѓала од реални луѓе.

Една од најсаканите и најубави дами во Дизниевите цртани, Снежана, е инспирирана од физиономијата и карактерот на Марџори Белчер, подоцна позната како Чемпион.

Чернабог, злосторникот од цртаниот филм „Фантазија“ (1940), е базиран на работата на Бела Лугоси, најпознат по улогата на Дракула.

дизниевите цртани

Еленор Едли е вистинската личност зад вештерката од „Заспаната убавица“ (1959), додека Хелене Стенли позирала за оригиналниот цртеж на принцезата Аурора.

Интересен факт е дека Ѕвончица, малат самовила која сее магичен прав е инспирирана од Мерилин Монро, иако не позирала за ликот. Нејзината работа ја завршила Маргарет Кели.

Ханс Конрид бил модел за Капетан Кук и му го позајмил гласот за анимираниот филм, а Шери Стонер е вистинската инспирација за Ариел.

дизниевите цртани

И за крај, еве го Волт Дизни со вистински Бамби од Берлинската зоолошка. момент кој ги спојува имагинацијата и реалноста. Ни покажува како имагинацијата од вистинскиот свет може да создаде магија на екранот. Ова е само еден од многуте примери како Дизниевите цртани филмови црпат инспирација од реалниот свет. Создаваат безвременски приказни кои ги воодушевуваат и младите и возрасните.

Волт Дизни успева да ги претвори вистинските ликови, животни и ситуации во незаборавни анимации кои и ден денес се омилени.

Дизниевите цртани се инспирирани од реални ликови