Дизни авантура – Магична турнеја на крузер

Дизни

Приказните на Дизни ќе пловат по Карибите – Disney Treasure – крузна авантура

Ова веруваме дека ќе ја заинтересира најмладата публика, но се разбира и оние кои сеуште се чувствуваат како деца. Епа, ако го негувате тоа дете во себе, тогаш сте на вистинското место од каде започнуваат воодушевувањата.

Имено, декември, 2024 година ветува едно вистинско чудо во источните Кариби. Пристигнува Disney Treasure, најновиот член на флотата на Disney Cruise Line. Брод во кој чудата се остваруваат, а вие ќе бидете уште еден член од екипажот на бајките.

Ова екстравагантно крузно искуство ги спојува приказните од Дизни, Пиксар, Војната на ѕвездите, Марвел и магијата на Дизни парковите. Креира нова реалност на брод.

Дизни

Од портата во Порт Канаверал, Флорида, на 21ви декември, последниот месец од престојната година, го започнува своето прво патување. Истото ќе трае седум ноќи на источните Кариби.


Омилените приказни и волшебните бајки ќе пловат низ тиркизните солени води, а патниците ќе бидат дел од таа авантура. Целта е бродот да претставува еден голем театар, а вие да сте во центарот на шоуто. Всушност да играте еден од ликовите кои доаѓаат од Дизниленд. Disney Treasure го создава просторот каде што сонувањето станува крузна авантура. Во продолжение, погледнете што се би ве очекувало доколку конечно се одлучите да го реализирате вашиот детски сон.

извор