Делфин во Јапонија ги притиснал своите гениталии врз луѓето! Звучи како шега, но ова необично однесување на еден делфин. Предизвикало вистински шок. Присутните беа збунети.
Сексуална фрустрација или нешто повеќе? – Во последните години, префектурата Фукуи во Јапонија стана сцена на невообичаени напади од страна на еден делфин, чие однесување привлекува внимание и загриженост. Истражувачите веруваат дека овие напади може да бидат резултат на сексуална фрустрација и осаменост, а не на вистинска агресија. Но, што точно се крие зад овие необични инциденти?
Причината зад нападите
Овој индо – пацифички синоножен делфин, познат по својата способност за игра и социјални интеракции, веројатно покажува необични однесувања поради сексуална фрустрација. Според информации од научниците, тој бил виден како се обидува да ги притисне своите гениталии врз луѓето, а исто така ги гризе капачите кога ќе му се приближат. Овој тип на делфин, обично живее во групи и е во постојан контакт со другите членови на своето јато. Социјалната динамика за еден делфин е клучна затоа што преку комуникација и физички контакт, гради силни врски. Понекогаш, оваа блискост со другите доведува до појава на необично или прекумерно однесување, осебено кога е во интеракција со луѓето. Луѓето за делфините се исто толку интригантни колку и сите другите делфини.
Осаменоста на синоножниот делфин во Фукуи можеби го натерала да го третира човечкиот контакт како заменик за социјалните интеракции што ги пропушта. Можеби овој делфин, „мисли дека неговото однесување е пријателско, а не агресивно.“ – вели истражувачот Тадамичи Морисака од Универзитетот Мие.
Опасбности од поголеми иниднти
И покрај тоа што многу од повредите се помали, некои случаи вклучуваат сериозни повреди како скршеници на коските. Како што веки Морисака, ако интеракциите продолжат, пстои од сериозни инциденти. Делфинот ќе се обиде да докаже доминација над луѓето. Тоа секако ќе резултира со поголеми потенцијално опасни напади.
Превентивни мерки и препораки
Властите во Фукуи реагираа со поставување знаци и флаери за предупредување, воведување патроли за спасувачи и ограничување на времето на пливање на одредени плажи. Овие мерки вклучуваат и подводни акустични уреди кои емитуваат високи фреквенции со цел да ги одвратат делфините. Сепак, Морисака предлага развој на систем за детекција на еколокација кој ќе ги предупредува пливачите за присуството на синоножниот делфин. Можеби може да помогне во намалување на ризикот од идни инциденти. И ова било возможно! Делфинот во Фукуи покажа длабока осаменост и сексуална фрустрација, а нашето разбирање не престанува да биде збунето. Се соочуваме со сложеност и нејасност на дивата природа.