Постојат магични места кои доколку имате прилика, би требало да ја искористите и да ги посетите додека сте дел од овој свет.
„Салар де Ујуни“ – Боливија, е најголемата солена платформа во светот со површина од 10 000 квадратни километри. Лоцирана кај Андите во Јужна Америка, интересна е приказната што стои зад формирањето на ова место.
Се верува дека станува збор за остатоци од праисториското солено езеро – Лаго Минчин. Минералите во солената кора претставуваат вистинско чудо на богатство за секој оној кој знае да ужива во вакви благодети. Солената платформа доловува надреален пејсаж. Кога е суша, рамното пространство на сол создава ефект како огледало и притоа ги рефлектира небото и далечните планини. Кога е влажно, тенкиот слој на вода ја трансформира рамната сол во џиновска рефлектирачка површина создавајќи оптички илузии кои го одземаат здивот од преголемата количина на восхит. А токму зајдисонцето, не е никаде на друго место толку невозможно и толку возможно убаво.