Copy Paste новинарството го шири вирусот на дезинформации

Во поткастот на тема „Copy Paste новинарството го шири вирусот на дезинформаци“, Марта Кузманоска од Крушево разговара со новинарката Соња Тантарова.

Ширењето лажни вести и дезинформации е проблем кој не засега сите. Изложеноста на лажни вести е засилена со социјалните и електронските медиуми. А најпогодени се младите кои голем дел од времето минуваат на социјални мрежи. Ова е темата на денешниот поткаст „Copy Paste новинарството го шири вирусот на дезинформаци“ продуциран во рамки на проектот „Младинска медиумска лабораторија“ во кој млади од Пелагонија во соработка со професионални новинари во улога на ментори ја обработуваат темата на медиумската писменост и сами креираат медиумски содржини.

Проектот „Младинска медиумска лабораторија“ го имплементира граѓанската организација „Граѓански Патеки“ во партнерство со здруженијата „ИКТ Свет“, „Журналист“, „Од млади за млади“, „Младинска Граѓанска Акција“ и „Еко герила Преспа“.

Со цел едукација на младите критички да ги разбираат медиумските содржини, продуциран е и Видео курс за медиумска писменост кој можете да го следите на веб платформата www.medialab.mk.

Проектот „Младинска медиумска лабораторија“ се спроведува во рамките на регионалната програма „Нашите медиуми: Акција на граѓанското општество за поттикнување на медиумска писменост и активизам, спротивставување на поларизацијата и промовирање на дијалогот“, која се имплементира со финансиска поддршка на Европската Унија од партнерските организации СЕЕНПМ, Албанскиот институт за медиуми, Медиацентар Сараево, Советот за медиуми на Косово, Црногорски институт за медиуми, Македонски институт за медиуми, Новосадската школа за новинарство, Мировен институт и Бианет.

[post_tags]