Нова песна „Битолска Крв (Ко вчера да беше)“ – емотивна посвета на Чкембарите и Битола

Нова песна „Битолска Крв (Ко вчера да беше)“ – емотивна посвета на Чкембарите и Битола

Да се биде Битолчанец не е само чест, туку и обврска, секогаш да се придонесува, да се чува и да се прави Битола поубаво место за живеење. Со таа мисла, повторно оживува силната врска меѓу музиката, градот и навивачкиот дух, преку новата песна на Чкембарите, „Битолска Крв (Ко вчера да беше)“.

Песната ја опишува приказната на Чкембарите, од нивното формирање во 1985 година, па се до денес. Во неа се сплетени спомени, случки и емоции кои остануваат засекогаш впишани во душата на Битола.

Текст: Коки и Дакун
Музика и аранжман: Горан Мицевски Кус
Вокал: Марјан Ѓакoвски

„Битолска Крв“ не е само песна, таа е музички манифест на припадност, љубов и сеќавање. Со неа се овековечуваат случките, генерациите и незаборавните моменти што го изградиле препознатливиот дух на Чкембарите.

Песната е посветена на сите генерации што со гордост го носеле името на Чкембарите, а со посебна почит и благодарност на браќата што повеќе не се меѓу нас. Нивната љубов кон Битола и оставената трага ќе живеат засекогаш.

Со моќен текст и автентичен музички израз, делото ја преточува силната енергија на битолскиот дух и потсетува дека, без разлика каде сме, Битола е секогаш во нашите срца.

„Битолска Крв“ е симбол на припадност, братство и љубов што ги обединува сите што го носат името Битолчанец.

[post_tags]