ChatGPT лажел: Тврдел дека норвежанец ги убил своите синови, а сега се соочува со тужба

Многу од нас се потпираме на вештачката интилегенција, на високопопуларниот четбот на OpenAI, ChatGPT. Но, медиумите предупредуваат дека ChatGPT многу пати излажал. Самоуверено тврдел и обвинувал постоечки личности дека се криминалци, па дури и убијци.

Неодамна избувна скандал, кога норвежанец го запрашал ChatGPT за својот профил на личност. Несомнено дал скоро точни податцои, но и го обвинил за убиство. Во неговата изјава стоело:„Арве Хјалмар Холмен е норвешка личност која привлече внимание поради трагичен настан. Тој беше татко на две млади момчиња, на возраст од 7 и 10 години, кои беа трагично пронајдени мртви во езерце во близина на нивниот дом во Трондхајм, Норвешка, во декември 2020 годинa.“

После ова корисникот од Норвешка контактирал со Норвешката управа за заштита на податоци. Побарал да биде казнет производителот на четботот OpenAI. Во својата жалба рече дека тој „никогаш не бил обвинет ниту осуден за какво било кривично дело и дека е совесен граѓанин“.

Chatgpt редовно халуцинира, а тоа во превод би значело дека измислува лажни приказни. Причината е што тој го предвидува следниот најверојатен збор како одговор на барањето. Како резултат на тоа, системите за вештачка интелигенција редовно халуцинираат. Во многу случаи ова може да биде забавно и безопасно, но… Исто така, во многу случаи може да има и катастрофални последици за животите на луѓето.

[post_tags]