Казино Монте Карло е уникатна дестинација, привлечна не само за коцкари, туку и за туристи. Овој пат, зборуваме за ентериерот на казиното, разгледувајќи го од уметнички агол.
Љубопитноста на „razbudise.mk“ овој пат се лоцира и го фиксира погледот на казиното Монте Карло од уметнички агол. Доттука не донесе Monaco Tribune, медиумот кој „со повеќе од 275 000 месечни читатели се етаблира како суштински дигитален медиум во Монако“ (мала суверена држава на Лазурното Крајбрежје во Јужна Европа).
Овој објект не е само казино, туку и голема туристичка атракција
Monaco Tribune „гарантира оптимална видливост преку Интернет“. Во овој момент, ние го мултиплицираме написот на Monaco Tribune за културното наследство на Sociѐtѐ des Bains de Mer, (компанија со седиште во Кнежевството Монако, основана во 1863 година и една од најстарите и најпрестижните компании за управување со хотели и казина).
Бел-Епок-фасадата на казино ДЕ Монте Карло и софистицираните соби за игри имаат голем број на уметнички дела. Тие се произведени помеѓу 1863 и 1910 година и се „вградени на таваните од казиното“ како големи шарени платна. Стиловите и влијанијата имаат нешто заедничко. И колку повеќе им се восхитуваш, дотолку повеќе тие вам ви возвраќаат со взаемен ефект на она што го содржи зборот – импресија!
За кратка историја на казиното Монте Карло на интернет порталот franchriviera.travel
„Казиното во Монако е основано во средината на 19 век. Претходно, кнежевството беше сиромашна земјоделска земја со која управуваше принцот Чарлс III. Идејата за изградба на казино падна на неговата мајка. Токму таа го донесе Франсоа Блан во Монако, човек кој успешно управуваше со други европски казина. Блан основал компанија наречена Societe des Bains de Mer et du Cercle des Etrangers. Таа сè уште управува со казиното и други важни места во кнежевството.“
Овој импозантен објект не е атрактивен само за туристите кои сакаат да се обложуваат и да го посетат казиното за неговата првична намера. Станува збор и за атракција која го привлекува секое туристичко око.