Carrie Bradshaw и Њујорк во есен на снимањето на третата сезона на „And Just Like That…“ Магија што комбинира градски шарм , есенски тонови и иконски стилови. Најдобриот пример? Нашата омилена Carrie Bradshaw! Таа уште еднаш нè воодушевува со своите уникатни комбинации.
Моден спектакл на улиците во Њујорк со Carrie Bradshaw!
Во центарот на вниманиетое спектакуларниот изглед кој ја дефинира есенската елеганција: макси тексас здолниште, твид блејзер, долг плетен шал кој потсетува на oversized стилот на Lenny Kravitz и бордо clutch чанта. Оваа палета во сини и сиви нијанси ја рефлектира совршената хармонија меѓу винтиџ и модерен стил.
Слоевитоста и волуменот остануваат главните белези на сезоната додека чевлите во camel нијанса и плетените чипкани чорапи додаваат доза на автентична естетика.
Розови соништа и класични асоцијации
Највпечатливата комбинација ? Ултра-волуменозно розово здолниште од тул кое потсетува на легендарниот изглед од оригиналниот „Сексот и градот“. Како што открива стилистката Патриша Филд, ова култно парче било купено за само 5 долари – доказ дека стилот не зависи од цената туку од визијата.
Модна инспирација за сите нас
Додека ја очекуваме новата сезона, која допрва треба да го објави датумот на премиерата, не можеме да не ги забележиме и останатите импресивни креации од сетот, потпишани од брендовите како Prada, Marc Jacobs, Fendi и Loewe… Оскар дела Рента… Од класиците до смелиот авангарден стил „And Just Like That…“ повторно поставува стандарди во светот на модата.
Кој од овие изгледи би го прифатиле за своја инспирација? Споделете со нас!