Кармен Дел Орефис – на 92 години ја живее легендата на модата. Таа е на насловна. Носи и покрива ревии, снима кампањи.
Во 92рата година Кармен Дел Орефис е жива, здрава и во фокусот на модното чудо. И додека за многумина ова е време за пензија, Кармен не само што е активна, туку и доминира во светот на модата.
Живеејќи во ера кога опсесивно ги броиме годините и личните стандарди, Кармен Дел Орефис е реална инспирација.
Нејзината приказна започнала на само 15 години, кога сe појавила на насловната страница на „Vogue“. Дел Орефис толку добро се синхронизирала со стандардите на убавината и стилот, што станала повеќе од впечатлив лик.
Сепак, животот на Кармен не бил воопшто лесен. Во најраните години, во Њујорк, се соочувала со финансиски предизвици заедно со нејзината мајка. Зад себе има два брака и лични загуби. Но, нејзиниот талент и детерминација, се истакнале во модната индустрија и во животот. Најновата насловна страница со Кармен во Vogue на 92 години, потврдува дека стилот и самодовербата не познаваат години.
Би заклучиле дека во овој свет каде што параметрите и идеалите за убавина се променливи, Кармен се појави пред нас и не потсети дека вистинската елеганција и „финеса“ се вечни.
Во едно видео, оваа дама зборува за љубовните состаноци. Таа никогаш немала некој константен партнер, но имала многу љубовни состаноци. Кармен, се нарекува себе си: Бакнеж на смртта! За жал, откако ќе ги бакнела мажите, тие умирале. Оваа приказна завршува со нејзиното поентирање: Го предупредувам оној кој сака да излегува со мене. Остани жив!
Оваа жена е вистинска инспирација и го заинтригира нашето око токму поради нејзината повторна реинкарнација. Или одново и одново будење. Будење во свет на упорноста, убавината, амбицијата и елеганцијата!