Чантите на Луи Витон ги сакаат и мажите и жените – Продолжена кампања на брендот

луи витон

Можеби најпосакуваните модели во светски рамки се чантите што ги создава светски познатиот бренд, модната куќа Лиу Витон. Восхитот за нивниот изглед и изработка е подеднаков од страна и на мажите и жените, па така Луи Втон продолжува да создава модна истоија.

Имено, откако Меси својот дел од кампањата на оваа модна куќа го заврши на „аеродром“ на пат до следната дестинација, придружуван од својот куфер „Хоризонт“, на ред е супермоделот Жизел Бундхен, која се приклучи на кампањата на Луј Витон наречена „Хоризонтите никогаш не завршуваат“.

Станува збор за престижна колекција куфери која преку одлични фотографии и видео материјал, ги презентира овие аксесоари, давајќи му друга димензија на патувањето кое според брендот, секогаш треба да биде со стил. Погледнете како изгледа кампањата која овој пат ја претставува Жизел.