Кога музиката раскажува колку брзо и динамично живееме – Маестро Димитар Митровски со ново виртуозно дело

имитар Митровски со ново виртуозно дело брзо и динамично

Маестро Димитар Митровски со ново виртуозно дело.

Кога си во срцето на урбаното, кога постојано брзаш низ улиците, кога сакаш да постигнеш и понекогаш забораваш што сѐ ти носи животот и едвај ги гледаш шансите кои доаѓаат на патот како бонус… Но, што кога сето тоа брзо и динамично е во совршена хармонија? Медиумите постојано го критикуваат динамичното живеење, напредокот на технологијата, трендовите кои брзо се менуваат на секое поле. Велат дека човек е уморен и нема време за нешто што се вика љубов, за задоволни насмевки од цела таа фуриозна брканица со часовите. Веројатно токму тоа го инспирира Димитар Митровски, виртуозот на хармоника.

брзо и динамично Маестро Димитар Митровски со ново виртуозно дело

…И што кога нотите го опишуваат тој пулс? Таа енергија.

Што кога го сакаме таквиот живот, кога танцуваме и пулсираме со таа енергија. Што кога животот ни зборува низ совршени звуци на хармоника и труба. Или што ако додека се движиме низ нашето урбано секојдневие, слушаме позадинска музика како на филм. Би била токму ваква. Адреналинска можност и креативна фурија од емоции. Понекогаш го обожаваме тој градски, брз и динамичен ролеркостер. Со други зборови, што кога се вљубуваш во уморот? Сепак, понекогаш е потребна прегратка за кратка пауза, па продолжуваме одново со танцување во име на љубовта, животот и успехот кој сакаме да го постигнеме.

брзо и динамично Маестро Димитар Митровски со ново виртуозно дело

Имено, на меил ни пристигна токму ваква совршена музичка приказна која со задоволство ја споделуваме. Станува збор за ново музичко парче на Маестро Димитар Митровски.

„Драги пријатели, сакам да го споделам со вас емоционалниот момент кога мојата најнова композиција го најде светлото на денот. Се надевам дека ќе ја доживеете, како што јас сето тоа го доживеав додека ја создавав.

Преку маестралниот талент на режисерот Даниел Јовески, оваа композиција стана нешто повеќе од звучен експеримент. Стана аудио визуелно патување преку темпото на нашето брзо и динамично живеење, каде што секоја музичка нота и видео кадар раскажува приказна за нашиот секојдневен брз ритам и животната хрмонија. Се надевам дека ќе уживате во ова музичко искуство и ќе се впуштите во магијата што ја носи.“

Во продолжение слушнете ја песната и уживајте во секоја нота.