Butter Yellow Нокти – Главниот Летен Тренд за Маникир 2025
Ова лето целата beauty сцена зборува само за една нијанса: butter yellow! Ако редовно одиш на маникир, веќе знаеш – летото е вистинско време за игра со бои.
Butter yellow е оваа нежна, кремасто-жолта, популарна нијанса која е прогласена за тренди боја на летото 2025. Веќе ја освои Инстаграм, Pinterest и салоните од Њујорк до кај нас.
Зошто butter yellow е Идеален за Летните Нокти?
Бидејќи мириса на сонце, ванила сладолед и најмека утринска светлина. Оваа боја е доволно неутрална за да одговара на сите твоји стајлинзи – од oversized кошули до лесни фустани – а сепак доволно посебна за да привлече внимание. Совршена комбинација од свежина и стил.
Кратки нокти Butter Yellow – Повторно во Мода за Летниот Маникир
Преголеми нокти? Been there, done that. Ова лето владее практичноста и удобноста. Soft square и short stiletto облиците се најпопуларни – елегантни, функционални и доволно “edgy” за да се чувствуваш моќно.
Кратките нокти не само што изгледаат убаво, туку и траат подолго и се помалку склони кон оштетување – идеални за летни журки, фестивали и долги прошетки покрај морето.
Како да носиш Кремасто-Жолта боја на твоите Нокти?
- Минималистички – еден тон со сјаен топ-кот
- Со суптилни nail art детали – златни линии, микро точки или школки
- French twist – кремасто-жолта база со бела линија на врвот
Ако сакаш ноктите да ти изгледаат средено, но и стилски, ова е е идеален избор. Совршена е за градските девојки кои се секогаш во движење, но не прават компромис со изгледот.
Pro Tip: Совршени Нијанси и Трендови за Летен Маникир во Butter Yellow
Испробај нијанси како Essie All Fun and Games или OPI Blinded By the Ring Light – пастелни, нежни и супер фотогенични. Заборави на преголеми нокти и пренагласени шљокички.
Ова лето е во знакот на нежниот гламур – butter yellow на кратките нокти е сè што ти треба за да бидеш во тренд и да се чувствуваш опуштено, слободно и своја.