Бургер со ананас, цвекло и јајце? – Различни рецепти во кулинарскиот пристап кон сендвичот

Бургер е сендвич со илјада лица. Бургерот одамна го надмина статусот на обично јадење . Денес тој е културен симбол. Во многу земји низ светот, бургерот има различен изглед и вкус – создава уникатни рецепти кои го освојуваат секое непце. Еве нeколку од најинтересните варијанти!

Америка – Домот на Класичниот Бургер

САД е вистинската потковица на бургерот. Овде, секој регион има свој омилен рецепт: од пржениот „Deep Fried Burger“ во Тенеси до култниот „Whopper“ од Флорида  Плескавицата, свежите состојки и варијабилноста –со над 221 000 комбинации – го прават овој сендвич омилен.

Во Данска, „bøfsandwich“ е бургер кој ги комбинира киселите краставички, киселите цвекла и три вида кромид, прелиен со кафеав сос. Финскиот, мајсторски спакуван сендвич со месо од елен, пак, додава интересен вкус со брусница , додека турскиот „ислак бургер“ во Данска, се готви на пареа за да добие мека, сочна текстура.

Азија и Иновативни Рецепти

Кина и Јапонија имаат свои традиционални варијанти – од кинескиот „Rou jia mo“ со соја и слатко вино. Азијците креираат вкусови кои се неочекувани, но извонредно примамливи.

Австралија и Експерименти

Австралиското задоволство во лепче со ананас, цвекло и јајце е специфичен микс кој ги разделува љубителите на култниот залак. Додека за некои оваа комбинација, е предизвик за непцето, за други е совршенство на неочекуваното.

бургер сендвич со 1000 лица

Без разлика на вашите префернции, месната вкусна комбунација, може да биде сè, од брз оброк до деликатес. Но, кога станува збор за нашиот „македонски бургер“ – да не правиме муабет! Тој е тука од утро до мрак, било во форма на топли ќебапчиња или вкусна плескавица со кромид, помфрит, со омилениот кечап, мајонез и  сите тие течни состојки што се разлеваат низ залак и уште спакувани во жешка лебна бомбица со сусам – вистинска милина!

Можеби македонскиот бургер е 1001 то лице на овој сендвич!

извор