Само за најмрзеливите и оние кои навистина не можат да се расонат: Ем будење, ем будилник кој ќе ви направи кафе!
Колку пати досега сте рекле „само уште пет минути и се будам!“ Алармот ѕвони упорно и упорно… на петте минути не им се гледа крајот!
Како да го решите ова утринско вознемирување?! Возможно ли е да се преиначи?! Возможно ли е некако „набрзина“ да се расоните? Замислете, возможно е.
Имено, на интернет сретнавме информација за еден часовник кој е повеќе од тоа. Оваа креативна иновација на технологија и естетика ја прави Joy Resolve Barisieur. Станува збор за иновативен будилник кој самиот ни вари кафе. Добиваме две во едно. Будење и мирис на кафе кој веднаш би не расонил.
На кој принцип работи?
Barisieur има вградена кафе-машина во која можете да поставите свежо, мелено кафе во садот за кафе. Можете да програмирате времетраење кога сакате да се подготви кафето. На пример, кафето може да ви биде подготвено во моментот кога сакате да се разбудите и будилникот, сам ќе го свари кафето. Кога ќе дојде времето за варење кафе, Barisieur ќе ја искористи водата од посебниот резервоар и истовремено ќе создаде пријатни звуци за да ве разбуди.
Не дека им правиме антиреклама со нашиот заклучок, но навистина… Стигнавме до момент кога до толу сме мрзеливи да свариме и едно кафе?